Директорите од струшките училишта до Царовска: Дигиталните учебници ќе преставуваат проблем

Новиот концепт на Министерството за образование и наука за дигитализација на учебниците ќе предизвика многу проблеми и потешкотии, предупредија на вчерашна средба директорите на основните улилишта од струшкиот регион, На средбата со градоначалникот Рамиз Мерко тие укажаа дека меѓу учениците има се повеќе заболувања а и школите не се подготвени за таква промена.

Директорката на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ Лаура Шате рече дека дигиталниот начин на следење настава ќе претставува голем проблем.

-Последните години се зголемува бројот на деца со оштетен вид и сколиоза, токму поради времето што децата го минуваат на комјутери и телефони. Децата се осакатија, цел ден се пред лап топ, повеќето се со сколиоза, а речиси сите имаат проблеми со очите, рече таа.

Според неа, околу 40 отсто од родителите имаат проблем со технологијата или се со социјални проблеми и немаат можност да купат комјутери за секое дете, а училиштето не е во можност да обезбеди. Проблем претставува и интернетот посебно во руралноте средини.

Истите забелешки ги делат и раководителите на останатите основни училишта во Струга, кои, меѓу другото забележаа дека дел од родителите кои имаат повеќе деца не се во можност да обезбедат компјутер за секое дете, ниту пак топла просторија каде би следело настава. За училиштата во руралните средини, посебно за оние во планинските села, проблем ќе биде и интернет конекцијата, која е многу лоша.

Заклучоците од средбата, Општина Струга најави дека градоначалникот Мерко ќе ги достави на средба со министерката за образование и наука Мила Царовска.

Претходна вестВладата договори со Грција и Македонците да летуваат таму, ама како ќе му помогне на домашниот туризам?
Следна вестОбјавен е конкурс за наградата 18 мај-Меѓународен ден на музеите