Владата договори со Грција и Македонците да летуваат таму, ама како ќе му помогне на домашниот туризам?

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека договорил со министерот за туризам на Грција, Теохарис, под кои услови ќе може македонските граѓани да одат во Грција на одмор летово. Според најавите кои тој ги добил од Теохарис отворањето на границите би се случило на 14 мај, а Македонците ќе можат да одат со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест, направен во било која од 20-те лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство.

– Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани. Доколку граѓаните не се вакцинирани, вториот услов е негативен ПЦР тест, изјави Филипче.

Веројатно информацијава ги радува мнозинството граѓани кои чекаа да се отвори туристичката сезона и Грција да дозволи влез. Но, прашањето е како ова лето македонските власти ќе ги помогнат домашните туристички дестинации. Toa треба да биде приоритет.

На министерот Филипче, но пред се на другите од економскиот сектор треба да им е јасно дека на македонската економија и е потребна слика каде летово сите патишта ќе водат кон овдешните летувалишта.

Секако и самите туристички работници треба да запнат малку повеќе, а не само да чекаат помош од Владата.

Претходна вестПопладневните облаци ќе го сменат утринското сонце
Следна вестДиректорите од струшките училишта до Царовска: Дигиталните учебници ќе преставуваат проблем