Темен режим Режим на светлина

Попладневните облаци ќе го сменат утринското сонце

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно време претпладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во останати подрачја од Македонија ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степен.

Уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст. Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Жител на Шишево закопувал отпад од Инфективна во Нерези

Следна објава

Владата договори со Грција и Македонците да летуваат таму, ама како ќе му помогне на домашниот туризам?