Жител на Шишево закопувал отпад од Инфективна во Нерези

Две лица од скопско организирале транспорт на повеќе пратки со отпад од Инфективната клиника до заштитната зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец“ во општина Карпош.

Отпадот без дозвола го закопувале под површината на земјата, со што предизвикале загрозување на животната средина за што ќе следуваат и кривични пријави, велат од МВР.

Поднесени се кривични пријави против Ј. С. од с. Шишево и против фирма од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво според Кривичниот законик.

Првопријавениот, во својство на сопственик на фирмата, во периодот од крајот на мај и почетокот на јуни лани организирал транспорт на повеќе поврзани пратки на отпад (градежен шут и смет) од Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје до локација на втора заштитна зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец“ во општина Карпош.

Тој отпад заедно со веќе постојниот затекнат на дивата нелегална депонија бил закопан под површината на земјата.

Претходна вестУтре облачно, попладне со дожд
Следна вестПопладневните облаци ќе го сменат утринското сонце