Темен режим Режим на светлина

Утре облачно, попладне со дожд

Облачно и дождливо цела следна недела Облачно и дождливо цела следна недела

Во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од УХМР најавуваат дека уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст.

Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Рашковски во 30 дневен притвор - прифатена жалбата на Обвинителството

Следна објава

Жител на Шишево закопувал отпад од Инфективна во Нерези