Темен режим Режим на светлина

Автомобил повреди полицаец на службен мотор во Кисела Вода

Полицаец е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во скопската општина Кисела Вода.

-На 15.04.2021 во 15.08 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.С.(52) од Скопје и мотоцикл „Хонда“, сопственост на МВР. По незгодата, полицискиот службеник, кој управувал со мотоциклот, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани повреди, соопшти полицијата.

Увид на местото на незгодата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Талентираниот голман Марко Кизиќ е нов голман на Еурофарм Пелистер

Следна објава

При претрес на куќа полицијата пронашла велосипеди украдени во 2019 година