Темен режим Режим на светлина

При претрес на куќа полицијата пронашла велосипеди украдени во 2019 година

Полицијата пронајде украдени велосипеди во куќа во Скопје. Дел од нив им биле вратени на сопствениците.

Како што информираат од МВР, на 25 март бил извршен претрес во домот на И.Р.(28) од Скопје, при што биле пронајдени пет велосипеди, кои биле одземени од неговиот татко, кој бил присутен на претресот.

На 14 овој месец било извршено препознавање на велосипедите и два биле вратени на сопствениците кои биле украдени во мај и јуни 2019 година.

МВР најави дека по целосно документирање и расчистување на случаите ќе биде поднесена кривична пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Автомобил повреди полицаец на службен мотор во Кисела Вода

Следна објава

Левица: Кредитот од 21,5 милиони евра со кој Царовска ги задолжи граѓаните повторно ќе отиде за ненаситните хонорарци