Ракометарките на Македонија на поправен против Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија денес во спортскиот центар Јане Сандански со почетокод 17ч ќе го одигра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија.

Македонската репрезентација е во невозможна мисија за пласман на Светското првенство, по поразот од фаворитот Романија на првиот натпревар во Романија со 11 гола разлика. На денешниот натпревар се очекува во релаксирана атмосвера репрезентативките да го дадат својот максимум и да одиграат добар натпревар.

Селекторот Симе Симовски денеска се реши за истиот состав што играше на првиот меч во Букурешт, а додека Романскиот селектор Ади Василе, направи една промена во ростерот. На местото на левиот бек Елиза Бучеси ќе игра Александра Јованеску.

Претходна вестСо нож ја убил 34-годишната сопруга по расправија кај пријатели
Следна вестМЗТ Скопје убедливо поразен од Младост во првиот натпревар од четвртфиналето на АБА2 лигата