Со нож ја убил 34-годишната сопруга по расправија кај пријатели

Претходна меѓусебна расправија претходела на грозоморниoт настан кој што се случил синоќа во Струга во кој маж ја убил сопругата, а потоа се обидел да се самоубие. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Струга крвавиот настан се случил додека сопружниците биле на гости кај пријатели. Според првичните сознанија на обвинителството, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на 34-годишната жена.

Струшкото Обвинителство изврши увид, додека по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата.

-Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот, соопшти Обвинителството.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

Претходна вест5 возачи немале дозвола, 61 возеле пребрзо…
Следна вестРакометарките на Македонија на поправен против Романија