Темен режим Режим на светлина

5 возачи немале дозвола, 61 возеле пребрзо…

Во изминатово деноноќие на скопските сообраќајници се изречени вкупно 153 мерки на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, соопшти денеска МВР.

-Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, пет за возење без возачка дозвола, 10 за некористење сигурносен појас. Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 35 мерки за непрописно паркирани возила, се наведува во информацијата.

МВР уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонските државјани ќе може да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест

Следна објава

Со нож ја убил 34-годишната сопруга по расправија кај пријатели