Темен режим Режим на светлина

За два дена „потрошени“ субвенциите за електрични тротинети

Турски државјанин со тротинет прегазил 55-годишна скопјанка и побегнал, полицијата го бара Турски државјанин со тротинет прегазил 55-годишна скопјанка и побегнал, полицијата го бара

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување електрични тротинети и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

Јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет беше објавен пред два дена и граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Во буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Град Скопје зеде кредит од 70 милиони евра за изградба на брз автобуски превоз

Следна објава

Новомаалци со петиција до Владата: Да се гради или ќе одиме на протест