Македонските државјани ќе може да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест

Македонските државјани ќе може да влегуваат во Црна Гора без негативен ПЦР тест во периодот кој наскоро ќе биде определен, соопштија црногорските власти.

Црногорскиот министер за финансии и социјална помош Милојко Спаиќ вчера информира дека сите ограничувачки мерки за посета на Црна Гора оваа сезона, вклучително и тестирањето за ПЦР, ќе бидат укинати за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Македонија.

-Задоволство ми е да ве известам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и тестирање на ПЦР, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и С. Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, напиша Спајиќ на својот профил на Твитер, на руски јазик.

Тој рече дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година.

-Сакам да ги поздравам сите што ќе одлучат да ја посетат Црна Гора, додаде Спајиќ.

Претходна вестАквадуктот се плаши дека Владата ќе го штити како и Охрид што го заштити
Следна вест5 возачи немале дозвола, 61 возеле пребрзо…