Пензиите доаѓаат пред празниците

Овој месец пензионерите ќе ги добијат своите пензии порано пред велигденските и првомајските празници. Според вчерашната одлука на Владата, банките треба да им ги испатат пензиите на сите групи корисници од 26 до 29 април.

Сите оние кои ги добиваат на картичка, ќе можат да располагаат со парите од 26 април (понеделник) додека готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе биде во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда); и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток)

 

Претходна вестПовторно голем број нови хоспитализирани со ковид во Скопје, вкупно се 689
Следна вестСудството до крај на годинава ќе влезе во 21 век