Парите или топката се најважни во новоформирана фудбалска Суперлига?

Дванаесет фудбалски клубови во Европа синоќа и официјално (по долги најави) формираа Суперлига. Се очекува наскоро да се приклучат уште три клуба. Во официјално соопштение за формирањето се наведува дека претседател ќе биде Флорентино Перез од Реал Мадрид, потпретседатели се Андреа Ањели од Јувентус и Џоел Глејзер од Манчестер јунајтед. Се работи за затворена лига во која клубовите ќе си играат меѓусебно.

-12 од европските водечки клубови денеска заедно соопштуват дека се сложија да настапуваат во едно ново натпреварување кое ќе се игра во средина од неделите, Супер Лигата. Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем се клубовите основачи, стои во соопштението.

Во соопштението тие пишуваат дека дошло време за нова ера во фудбалот и дека тоа го прават за фановите од кои имаат поддршка. Но дали е така? Дали нив пред се ги интересираат само парите кои ќе ги добијат, а и можноста да останат во врвот и кога не го заслужуваат тоа?

-Нашите 12 клубови основачи, претставуваат милијарди фанови во светот и 99 европски трофеи. Дојдовме до критична точка, и сакаме да го промениме европското натпреварување, да ја ставиме играта која ја сакаме на одржлива основа за долгорочна иднина, вели Ањели.

УЕФА, ФИФА и домашните федерации застанаа силно против овој проект, најавија исклучување на клубовите од сите натпреварувања. Според информациите УЕФА и ФИФА планираат да забранат настап на секој играч кој ќе настапи во оваа Суперлига во нивните натпреварување. Ова значи дека фудбалерите на големите европски гиганти кои ќе настапат во оваа лига не би можеле да играат на во ЛШ, ЛЕ, Европско и светско првенство, како и квалификациите за овие турнири. 

Големиот француски клуб – ПСЖ, одбил да влезе во лигата. На списокот го нема ниту големиот германски Баерн.

Засега нема одговор зошто одлични екипи од Балканот, Португалија, Украина, Русија, Турција, Холандија… не се поканети во новата лига.

Претходна вестМицкоски и Пендаровски си кажаа кој бекнал кога било потребно
Следна вестЕминентни странски историчари на „балкански начин“!?