Заразена пратеничка на СДСМ Бисера Костадиновска најави доаѓање на собраниска седница со скафандер

Фотографија на која е облечена во скафандер и најава дека така планира да дојде на собраниска седница објави денеска на социјални мрежи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Во објавата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук таа рече дека причината за тоа е потребата да се изгласа петиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и на фирмите. Таа вели дека иако е позитивна на Ковид 19, се чувствува добро и додава дека е одлучна со цел да помогне не народот.

– Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна Кови-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив, додава Костадиновска Стојчевска.

Таа потенцира дека власта денеска е одлучна како што вели да ја заврши работата без разлика на намерите на ВМРО – ДПМНЕ.

– Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава разлика има меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш се за народот и да правиш се против народот, вели пратеничката.

На веб страницата на Собранието во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а претходно во 14 часот е закажана 32. седница.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески вчера соопшти дека тројца пратеници од нивните редови се во болница поради ковид-19, и поради тоа владејачкото мнозинство нема кворум. Од СДСМ вчлера најавија и сценарио со кое ако постигнатиот договор на нивниот лидер Заев со Села и со Гаши за Законот за државјанство не придонесе за нормализирање на работата на Собранието, тогаш ќе бидат принудени, пратениците од мнозинството кои се болни од ковид да бидат донесени во салата и да учествуваат во работата со скафандери.

Собранискиот спикер, Талат Џафери остана на ставот дека прво треба да се изгласаат законите од 32. седница, па потоа антикризните мерки. И ВМРО-ДПМНЕ не попушта и вчера соопшти дека ќе учествуваат само на седницата на којашто треба да бидат изгласани мерките од петтиот пакет. Владејачкото мнозинство најави дека ако нема кворум, заразените пратеници од нивните редови ќе дојдат со скафандери. Пратениците од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вчера изразија спремност, да обезбедат кворум за 32. седница ако власта да не може, иако потенцираа дека не го разбираат однесувањеот на Талат Џафери.

Претходна вестЗатворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката
Следна вестИнфицираната пратеничка на СДСМ со Итна помош дојде и со скафандер влезе во парламент