Утринава од пред Кривичниот суд избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес.
За настанот потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спроведуван во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.
Притоа, во соопштението од Судот вината за ова ја префрлат на затворската полиција, со то што потенцираат дека бегството се случило „надвор од судот за што е задолжена затворската полиција, а не во просториите на Основниот кривичен суд“.
Од Казнено поправната институцијаа од кде е доннесен сега бегалецот и од МВР се очекуваат повеќе информации за тоа како е можно вакво бегство.