Казнети 118 возачи, 8 возеле без возачка дозвола, 43 пребрзо…

На скопското подрачје во текот на изминатово деноноќие изречени се 118 казни за сообраќајни прекршоци меѓу кои осум биле за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.

-Освен ова, 43 санкции биле за возење повеќе од дозволената брзина, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непрописно престигнување и обиколување и 30 санкции за непрописно паркирани возила, се наведува во иннформацијата.

МВР уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестЌе најде ли Заев правен основ за да му напише отказ на Пауновски?
Следна вестСанкционирани 137 непрописно паркирани возила во Центар