Санкционирани 137 непрописно паркирани возила во Центар

Во периодот од 19.04. до 25.04.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 60 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 77 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестКазнети 118 возачи, 8 возеле без возачка дозвола, 43 пребрзо…
Следна вестМилошоски: Од собраниска процедура повлечен законот за дигитални учебници