Темен режим Режим на светлина

Милошоски: Од собраниска процедура повлечен законот за дигитални учебници

Од собраниска процедура повлечен е Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, објави денеска пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук.

Во објавата, овој опозициски пратеник наведе следно:

-Информација: После силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

Овој закон предвидува употреба на дигитални учебници, наместо печатени, по што голем дел од јавноста реагираше со жестока критика. Но, истовремено, се дозволува употреба и на хартиени учебници кои треба да ги отпечатат учениците кои се во можност или, пак, училиштата за учениците кои се во послаба социјална положба. Според најавите од МОН, примената на дигиталните учебници треба да почне од следна учебна година, прво за учениците во четврто оддление. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Санкционирани 137 непрописно паркирани возила во Центар

Следна објава

Вујо Мајсторе се враќа на клупата на РК Вардар