Од утре автобусите на ЈСП ќе возат до 21 часот

Јавниот превоз од утре ќе функционира до 21 часот во согласност со одлуката за полициски час пд 21 до 5 часот наутро.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 6 до 19.30 часот.

И натаму не работи жичницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.

И натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и во недела.

Претходна вестЌе има првомајски синдикален марш
Следна вестКовид-19 во 24 часа: Дваесет и осум починати и 450 нови заразени