Стигнаа 200.000 кинески вакцини од производителот „Синофарм“, а околу 7 часот изутрината беа сместени во поликлиниката „Јане Сандански“ од каде ќе се дистрибуираат низ повеќе вакцинални пунктови во Македонија. Од овој момент, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, почнува т.н. масовна вакцинација на населението.
Конечно ќе има малку пообемно вакцинирање во Македонија. Граѓаните многу долго време чекаа да добијат вакцина. Додека сите земји од регионот набавуваа и склучуваа договори со производителите, Македонија се занимаваше со парламентарни избори и политика, наместо со примарниот проблем: здравјето на граѓаните.
-Пристигнат ли и други вакцини за опфат на голем дел од населенито?
-Се сомневам дека вакцините ќе бидат во доволен број и за сите… Зошто немаме можност да бираме, па ако сакаме на пример на „Фајзер“ вакцина да треба во Србија да одиме? – се дел од коментарите на социјалните мрежи по објавата на веста за пристигнувањето.
До сега против ковид 19 се вакцинирани 60 илјади лица, а надлежните очекуваат во периодот после празниците да се вакцинираат и по 10 илјади граѓани дневно.