Денес нема ограничување на движењето на граѓаните со полициски час кој се применува во овој период како превентивна мерка против ширењето на корона вирусот. Според одлуката на Комисијата за заразни болести, а усвоено на владина седница, полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.
Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува еден час подоцна, во 21:00.
Според Министерството за здравство, бранот полека стивнува, се помал е бројот на заболени, а попушта и притисокот за прием во болниците.