Бројката на хоспитализирани со ковид секојдневно се намалува, стигна до вкупно 1.012

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.012, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 435 лица. Во Скопје дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Според Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 311 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Претходна вестВелосипедист тешко повреден во сообраќајка во Карпош, повреден и возач на тротинет во Аеродром
Следна вестСега е рано за отворање на фитнес – салите, следната недела нови олеснувања