Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Карпош, повреден и возач на тротинет во Аеродром

Велисипедист и возач на тротинет се тешко повредени во две одделени сообраќајки што се случиле вчера на скопското подрачје.

На 04.05.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љубљанска“ во Карпош патничко возило „Тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(33) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Ф.Н.(51) од Скопје.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера попладне во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„23 Октомври“ во Скопје, патничко возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(24) од Скопје, удрило во електричен тротинет, управуван од М.Д.Ј.(45) од Скопје. Во незгодата М.Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Претходна вестЦрвенковски молчи околу најавите за нова партија, а Заев вели – СДСМ покажува единство
Следна вестБројката на хоспитализирани со ковид секојдневно се намалува, стигна до вкупно 1.012