Кој вози со возачка дозвола низ Скопје?

Непрописно паркирање вчера било најчеста причина за казнувањето од страна на полицијата во Скопје. Речиси секој четврти казнет возач бил санкциониран поради овој сообраќаен прекршок.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 195 казни, меѓу кои 57 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Загрижувачко е и тоа што за возење без возачка дозвола имало дури 25 санкции, 19 за возење над дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. Може само да се претпоставува колку други прекршители на овие правила не биле казнети од полицијата, а се движеле низ Скопје.  

Инаку, Изречени биле и 15 санкции за користење мобилен телефон при возење, осум за некористење сигурносен појас и седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат.

Претходна вестФилип Талески уште една сезона во Вардар
Следна вестСАД бара укинување на патентите на вакцината против Ковид-19, Франција се противи