Темен режим Режим на светлина

САД бара укинување на патентите на вакцината против Ковид-19, Франција се противи

Пандемијата предизвикана од Ковид – 19 се уште го дрма светот. Излез се бара во вакцините, но нив ги има малку. Кога веже се виде дека тоа е проблем, САД се залагаат за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против Ковид-19 за да се забрзаат производството и дистрибуцијата на скапоцениот серум во светот, соопшти денеска администрацијата на Бајден.

-Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата на Ковида-19 бараат вонредни мерки, рече американската претставничка за трговија Кетрин Таи во изјавата.

Таа додава дека Вашингтон е активно вклучен во преговорите со СЗО за укинување на патентите.

Индија и Јужна Африка бараат привремено одземање на патентите за вакцини за да се забрза производството, но некои земји, како што е Франција, се противат на тоа.

Моќните фармацевтски лаборатории претежно се спротивставуваат на одземањето на нивните патенти, истакнувајќи дека тоа ги обесхрабрува скапите истражувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кој вози со возачка дозвола низ Скопје?

Следна објава

Условни и парични казни за лекарите кои биле дел неовластен царски рез во Битола