Пендаровски: Вчера со Мицкоски ги кажавме ставовите, а не се согласивме

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, велат од Кабинетот на претседателот, по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Пендаровски едно зборувал на средбата, а друго во јавноста.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека фактот што по вчерашната средба немало заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажувало дека секој од соговорниците по средбата ги кажувал само своите ставови и оценки за тие настани.

-Претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат, велат од Кабинетот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска рече дека Пендаровски ги сменил ставовите во јавноста под притисок на новинари и медиуми кои се под контрола на СДСМ и Заев.

Претходна вестБројот на новозаразени падна под 200, починаа 12 лица за едно деноноќие
Следна вестДосега во земјава се вакцинирани 119.000 граѓани, речиси 22.000 со втор доза