Темен режим Режим на светлина

Бројот на новозаразени падна под 200, починаа 12 лица за едно деноноќие

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа, соопшти Министерството за здравство информира.

Од починатите, шест се од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по две лица од Гостивар (58г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), сите починати во болнички услови.

Направени се 3.108 тестирања. Најголем број случаи се потврдени во  Скопје – 76, потоа во Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски за изјавата на Пендаровски по средбата: Тоа е дволичност

Следна објава

Пендаровски: Вчера со Мицкоски ги кажавме ставовите, а не се согласивме