Законот за служба во Армијата не го помина второто читање во Комисијата за одбрана и безбедност поради амандманска блокада откако ВМРО-ДПМНЕ во петокот поднела 2.000 амандмани.
Според претседателот на собраниската Комисија Миле Талевски, целта е се блокира донесувањето на законот со кој се регулира доплата на стажот на офицерите до пензионирање како и забраната за членување на офицери да бидат членови во политичка партија.
Најмногу од амандманите се во однос на тоа дека воениоти цивилниот персонал во служба на Армијата да не смее да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут.
Пратеникот и член на Комисијата Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ на прес-конференција рече дека целта на поднесените амандмани е подобрување на условите за пензионирање и давање можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на законот со остварување право на пензија со навршување 40 години стаж или со навршување 55 години возраст.
-Доколку ова не биде на овој начин регулирано како што бараме, ќе се појави контрадикторност и ќе се изгуби смислата од потребата на бенифицираниот стаж, рече Стојаноски.
Тие предлагаат да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос.