Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1 000 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.
Во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 400 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.