Најново: Полицискиот час се скратува на само 4 часа во текот на ноќта

183

Од утре полицискиот час започнува од 24:00 часот и ќе трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.

Вака одлучи Владата на денешната седница, со што го скрати времетраењето на полицискиот час на 4 часа во текот на ноќта, иако предлогот од Кризниот штаб беше да трае до 5 часот наутро.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВо болниците има 700 пациенти со ковид, 26 нови во Скопје
Следна вестИЈЗ за минатата недела: Намален бројот на починати и заразени со ковид за 37 отсто