Во болниците има 700 пациенти со ковид, 26 нови во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1 000 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.

Во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 400 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Претходна вестЕХФ ја објави саатницата за мечевите на ЕП 2022
Следна вестНајново: Полицискиот час се скратува на само 4 часа во текот на ноќта