ИЈЗ за минатата недела: Намален бројот на починати и заразени со ковид за 37 отсто

За нешто повеќе од 37 отсто се намалени бројот на починати од компликации со овид и на бројот на новозарзени, регистрира Институтот за јавно здравје во својот неделен извешта за периодот од 03 до 09 мај 2021.

Во овој период има 105 смртни случаи од 21 град, што е за 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, но најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).

Зголемен е бројот на тестирани – вкупно 15.781, што е за 5,4% повеќе во однос на минатата недела и на бројот на оздравени – 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, или зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.

Претходна вестНајново: Полицискиот час се скратува на само 4 часа во текот на ноќта
Следна вестУнгарија донира вакцини против ковид за МВР- лично ќе ги донесе министерот Сијарто