И Грција е против Македонија и Албанија да не бидат во пакет за ЕУ

Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Македонија и Албанија, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина

Тој исто така, рече дека неговата земја не се согласува со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ.

Варвициотис учествуваше на панел дискусијата заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

-Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ние не сме расположени да прифатиме никакво одвојување меѓу двете земји, ова го гледаме како катастрофален пристап за регионалната стабилност, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија, додавајќи дека новиот процес на проширување од минатата година, „треба да биде веродостоен процес и треба да биде побрз процес во споредба со стариот“.

Претходна вестЌе им удри ли контра Пендаровски на припитомувачите на дивоградбите?
Следна вестКовид-статистика: 17 починати, 123 нови заразени, дури 3.800 оздравени