Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин Богородица – Евзони кон Грција од утре се отвора за сите македонски граѓани, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела.
За ова тој добил потврда од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа само за одредени категории граѓани.