На автопатот Велес-Скопје-Куманово казнети 77 возачи за пребрзо возење

Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи.

Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Претходна вестНорвешка засекогаш ја отпиша „Астра Зенека“
Следна вестОд утре: Вакцинирани, со негативен ПЦР тест или со антитела можат во Грција преку Богородица