Несекојдневен опасен инцидент во Скопје. Имено, педесет и петгодишен скопјанец ноќеска бил приведен од полицијата, откако претходно влегол во двор каде седеле две лица и им извадил бомба кашикара. За среќа, двете лица успеале да му ја одземат бомбата.
Инцидентот се случил на улицата „Петар Драпшин“ во Скопје, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.