И во изминатово деноноќие продолжи да опаѓа бројот на заболените од Ковид – 19 во ковид центрите во земјава.
– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 536 и има околу 870 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 207 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 13, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.