Трката „Прв до врв“ утре го менува сообраќајниот режим

МВР ги известува граѓаните дека утре, недела (16. мај), поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“, сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје.

Притоа, предвидената траса на движење на велосипедската трка, која започнува во 09.45 часот, е: пред Музеј на град Скопје – ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст“), а трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У. „Кочо Рацин“, на бул. „Мајка Тереза“, право по ул. „Тодор Александров“ и кај ул. „Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски крст“).

Од тие причини, во наведениот период, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Претходна вестВардар и Еурофарм Пелистер во меч за трофејот
Следна вестГраѓани не можат ни четиричасовниот полициски час да го преседат мирно