Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, денеска на аеродромот во Скопје, при влез во земјава уапсиле италијански државјанин К.Т.(39), кај кого се пронајдени и одземени марихуана и хашиш.
Како што информира МВР, К.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.