Денеска се одржува свечена трибина посветена на 45-годишнината од катедрата по македонски јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на престижниот московски универзитет „М. В. Ломоносов”. Трибината ќе се одвива онлајн, а свои обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, рускиот амбасадор во државава Сергеј Александрович Баздникин, Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадорката на Македонија во Руската Федерација, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов” и проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
Освен овие, предвидени се и други говорници, кои одделно ќе се присетат во своите говори на луѓето без кои катедрата по македонистика на Ломоносов немаше да постои, а годинава е особено значаен јубилејот на 100 години од
„Овој значаен јубилеј – 45 години македонистика на „Ломоносов“, којшто се одбележува во текот на годината кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, покажува дека мостот меѓу универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, како и меѓу двете земји и двата народа функционира.