Паѓа бројот на новозаразени и на активни случаи, бројот на починати пак 15

Во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во Македонија и тоа во: Скопје – 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 7 лица од Скопје (48г,57г,64г,85г, 91г,91г и 93г), по едно лице од Куманово (68г), Тетово (69г), Велес (61г), Штип (65г), Битола (61г), Кавадарци (82г), Богданци (62г) и Валандово (85г).

Регистрирани се 89 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

Претходна вестИ вакцинираните во Србија ќе можат да добијат код за патување тука
Следна вестВо предлогот на ЕУ за решавање на спорот со Бугарија не се чепка идентитетот, тврди Заев