И вакцинираните во Србија ќе можат да добијат код за патување тука

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија ќе добијат код тука, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тие треба само да се најават на апликацијата и да се испрати електронска пошта со нивни податоци, а кју-ар кодот на сертификатот, што е добиен од која било држава се скенира.

За време на престојниот викенд и следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот на Мој Термин што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ за на таа апликација може да има код, што ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест што ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата.

Македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно се води по критериум на Комон пас апликацијата, што е најшироко прифатена и на аеродромите и земјите членки во Европската Унија.

Претходна вестИ годинава летување на државна сметка со ваучери
Следна вестПаѓа бројот на новозаразени и на активни случаи, бројот на починати пак 15