Претпладне сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

На скопското пoдрачје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Во другите подрачја од Maкедонија претпладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Претходна вестКаде „пропадна“ Националната платформа, како на настава од септември?
Следна вестВечерва и утре „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во МКЦ