Вечерва и утре „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во МКЦ

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, која вечерва и утре ќе се изведува во МКЦ во продукција на зружението „Артопија“. Автор на претставата е режисерката Билјана Радиноска, и четворицата актери Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Претставата не е наменета за лица под 16 години и зборува за емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Претходна вестПретпладне сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи
Следна вестГрадоначалнички желби: Ни треба нов мандат за да довршиме во Скопје што ветивме пред четири години