“Козјак”, фото – кино клубот од Куманово, одлучи кои ќе бидат петте филмови што стручното жири ги избра во официјалната селекција за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021“.
Меѓу избраните се: „NIMIC“ на режисерот Yorgos Lanthimos, „When I dance, the Earth trembles“ во режија на Otto Lazić-Reuschel, „GOOD THANKS, YOU?“ на режисерката Molly Manning Walker, „Bonobo“ во режија на Zoel Aeschbacher и „The Silence of the River“ режиран од Francesca Canepa.
Во меѓувреме, тричленото жири составено од Лидија Мојсовска – режисер/сценарист, Наум Доксевски – кинематограф и Дејан Ангеловски – фотограф, на почетокот на мај одлучи фестивалските награди да одат за филмовите: „The Visit“ (Иран) – награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Da Yie“ (Гана) – награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Witness“ (Иран) – награда „Козјак“ за најдобро сценарио и „Неонски срца“ – награда за најдобар домашен (македонски) филм.