Денеска е 100-годишнината од раѓањето на македонскиот прозаист и драматичар, Коле Чашуле. По тој повод, во библиотеката „Браќа Миладиновци“ денеска се одржува чествување.
Коле Чашуле е припадник на легендарната прва генерација македонски писатели. Тој бил присутен на македонската книжевна сцена повеќе од шест децении. Автор е на 24 драми, 12 романи, четири книги раскази, шест кноги есеи и една монографија. Во 2003 година е избран за почесен член на МАНУ.
Роден на 21 март 1921 година во Прилеп, а починал на 22 септември 2008 година во Скопје.