Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.