Темен режим Режим на светлина

Промоција на „Денот на црвот“ во четврток во МКЦ

„Денот на црвот“ е насловот на романот на Симона Јованоска што ќе биде промовиран во четврток, на 17 јуни, во Младинскиот културен центар. Станува збор за прв роман на оваа авторка, а според писателката и универзитетска професорка, Калина Малеска „романот е вешто раскажан, со суптилен хумор и умешно поврзување на настаните и лајтмотивите“.

„Овој роман, низ различни перспективи, проникливо ги истражува околностите, животните искуства и личната несигурност како мотиви зад постапките на многубројните впечатливи и реалистични ликови“, пишува Малеска.

Авторката Јагода Михајловска Георгиева вели дека романот изненадува од страница во страница – од почеток до крај, без застој и без празен од. Таа објаснува дека почетокот на романот е сосема неочекуван, дава навестување дека делото е можна басна, но тоа е итра замка.

Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар, каде завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

И карпошани се креваат против неконтролираната урбанизација

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Променливо облачно време со локален дожд