„Сигнали“ – концерт на Дуња Иванова вечерва, на покривот на ГТЦ

Љубителите на звуците на пијаното, вечерва со почеток во 19 часот, на покривот на ГТЦ ќе можат да уживаат во концертната изведба на македонската пијанистка Дуња Иванова. Концертот е насловен како „Сигнали“, а на програмата се премиерни изведби на пиесите на филмскиот композитор Пако Периаго, но и на Рејдиохед и Џош Коен.

Добредојдени се сите кои сакаат да уживаат во нотите изведени од Дуња Иванова, согласно препораките и протоколите за заштита од ковид 19.

Претходна вестПроменливо облачно со сончеви периоди и температури до 26 степени
Следна вестСрбите нема да плаќаат патарина, а Македонците треба ли?